...

Разноликост на
апартманите и собите:

  • Еднокреветен апартман
  • Двокреветен апартман
  • Трокреветен апартман
  • Еднокреветна соба
  • Двокреветна соба

Сите преубави апартмани и соби нудат топла, интимна и релаксирачка атмосфера. Внимателно се дизајнирани, со посебно избран мебел, секоја декорирана во различен стил за да добие различен карактер. Собите и апартманите се климатизирани со индивуален уред за регулирање на температурата, опремени со рамен телевизор, сателитски/кабелски TB програми, мини бар, директна телефонска линија, безжичен интернет, бања/туш со фен за коса и средства за лична хигиена, апарат за подготовка на чај и кафе, сѐ со цел гостинот да се чуствува како да е дома. Одлични се и за кратки и за долги престојувања.

Сите имаат паркет, волнени теписи, декорирани во богати бои во цветни дезени на текстилот, оргинални уметнички слики, и сите апартмани и скоро секоја соба имаат приватен балкон. Амбиентот е домаќински, со 24 часа собна услуга и услуги за перење и пеглање на располагање.

Децата се добродојдени во Хотелот. На барање на гостите, бебешко креветче бесплатно дополнително се адаптира во апартманите.