...

Во ресторанот на Хотелот, секое утро се служи богат доручек со домашно приготвена храна на база шведска маса. Меѓутоа на посебно барање на гостите, може да се подготви и посебен доручек. Храната што се послужува секогаш е свежа и приготвена на здрав начин.

Покрај редовната услуга – ноќевање со доручек, услугата може да биде организирана и на база полупансион. Во тој случај, оброците и пијалоците, зависно од преференциите на гостите, претходно се договараат со куварот на Хотелот. Оброкот со акцент на традиционалната, регионалната и сезонската кујна е вистинско задоволство во интимниот и мирен ресторант. Паралелно со традиционалното мени, вегетарианско мени е на располагање на гостите вегетарианци и/или вегани.

Летната градина на Бутик Хотел Роза Дипломатик е исклучително место каде гостите може да уживаат во своите ручеци, вечери или лесни меѓуоброци. Градината е дискретно скриена за да понуди интимна и релаксирачка атмосфера помеѓу свежите цвеќиња, фонтаната и големата смоква.