...

Шармантен, романтичен и одлично лоциран, Бутик Хотел Роза Дипломатик како мал фамилијарен хотел во бутик стил, ја демонстрира вистината дека убавината е во малите нешта. Се наоѓа во центарот на градот, во многу мирен кварт, овозможувајќи му на гостинот да биде сместен на пешачко растојание од сите позначајни знаменитости на градот, но сепак да ужива во хармонијата, спокојот и тишината на објектот и околината.

Атмосферата е домашно елегантна, со мебел во штофови во богати бои, дополнет со антиквитети, волнени теписи, фин порцелан и оргинални уметнички слики. Стилот и декорот на Хотелот се прилагодени да ги задоволат денешните потреби и на деловните посетители и на туристите. На сите соби им е даден персоналитет, имајќи предвид дека сите се декорирани во различни стилови, но сепак во хармонија со цветни дезени. Собите и апартманите се комплетно опремени, комбинирајќи го старовременскиот шарм и современата ефикасност, обезбедувајќи удобност и топлина, така да гостинот се чуствува како да е дома.

Малата, елегантна рецепција комбинирана со брзата услуга за прием на гостите, е една од многуте предности на овој уникатен хотел. Многу љубезниот и пријателски расположен персонал, кој во секое време е расположен да ги задоволи потребите на гостите, претставува прекрасно надополнување на услугите што хотелот ги нуди.

Хотелот има сопствен паркинг. Деловната канцеларија - сала за состаноци со аудио-видео опрема е достапна за мали семинари, конференции и приватни состаноци. Бесплатен безжичен интернет е достапен во целиот хотел. Хотелот организира такси транспорт од/до Аеродром Скопје, по барање на гостите.

На квалитетот на храната што се послужува во Хотелот, традиционално се посветува големо внимание. Богат доручек на база шведска маса со домашно приготвена храна се сервира секој ден на гостите. Во ресторанот се служи и ручек и вечера, со акцент на традиционалната, регионалната и сезонската кујна. Летната градина на хотелот е исклучително место каде може да се уживаат оброкот и пијалокот во мир и тишина.

Хотелот долги години е препознатлив по неговиот посебен карактер, хармонијата и тишината во престојот и големата гостопримливост.